• сабота, 23 ноември 2024

СПМ: Последниот податок за растот на БДП од 0.9 отсто ја покажува сета неуспешност на политиките на власта

СПМ: Последниот податок за растот на БДП од 0.9 отсто ја покажува сета неуспешност на политиките на власта

Скопје, 10 март 2024

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека последниот податок за растот на бруто домашниот производ од 0.9% ја покажува сета неуспешност на политиките на власта на СДС и ДУИ.

Минималниот раст на БДП за цела 2023 година е рамен на статистичка грешка што значи економијата не само што не расте туку и сериозно назадува.

Лажни се фалбите на власта за високите плати и пензии кои инфлацијата ги обезвредни, а граѓаните живеаат се полошо во беда и сиромаштија.

СДС и ДУИ се претставуваат како партии за евроинтеграција, а всушност со економијата вршат дезинтеграција на економското ткиво на државата.

Коруптивните здрелки на власта пропаѓаат како и соништата за електричен автомобил, за автопатишта, за електоренергетски објекти и слични небулози.

Неспособната власт се потврдува како крајно дестабилизирачка и изолационистичка зошто во ЕУ таквите коруптивни зделки не поминуваат.

Уништувањето на се  што е Македонско што го прави власта на СДС и ДУИ мора да престане. Изборите се единствен шанса лажговците и криминалците да се отстранат и да им се покаже вистинското место на буништето на историјата.

 

Социјалистичка партија на Македонија

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан