• понеделник, 22 јули 2024

Спасовски и Цветановски со Свечена академија го одбележаа Денот на ослободување на Старо Нагоричане

Спасовски и Цветановски со Свечена академија го одбележаа Денот на ослободување на Старо Нагоричане

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска, поканет од градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски, присуствуваше на  Свечена академија по повод 10 Ноември - Денот на ослободување на Старо Нагоричане и 79 години самостоен развој на општината, извести Спасовски на својот Фејсбук профил.

Тој напиша дека заеднички и достоинствено ги одбележуваат историските настани и се обврзуваат заеднички да работат кон создавање на подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина.

- Воспоставивме водоводна мрежа, бројни реконструирани патишта за модерна инфраструктура, подобрени услови во основното училиште, урбани рекреативни катчиња, како и субвенции за земјоделците, истакна Спасовски и додаде дека никогаш како овие неколку години не се вложувало во нашата држава за рамномерен регионален развој.

Како што нагласи, ги користат сите потенцијали за создавање на современа општина.

 - Постигнувањата во овој североисточен регион и во реонот на Старо Нагоричане го покажува влогот што како Влада го даваме и ќе го даваме за подобар живот на граѓаните, за сите сегашни и идни поколенија, дополни тој.

Како што пишува на неговиот Фејбук профил, на настанот биле доделени Ноемвриски награди во 8 категории и тоа за најдобар сточар, најдобар земјоделец, најдобар културен работник, најуспешен спортист, најуспешна фирма, најуспешен наставник, талентиран ученик, најдобар полицаец и најдобар пожарникар.

 - Нека е за многу години Денот на Општина Старо Нагоричане, честита Спасовски. сан/ац/

Фото: Фејсбук профил на Оливер Спасовски

Остани поврзан