Состојба на патиштата
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Како што информира утрово Автомотосојузот на Македонија, нтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информира АМСМ. хс/
Фото: МИА архива