• сабота, 23 ноември 2024

Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во бесплатната акција

Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во бесплатната акција

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Општина Аеродром и Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром успешно ја спроведоа акцијата за бесплатно собирање кабаст отпад, при што од точно 41 локација, собрани се околу 70 тони отпад.

-Акцијата почна кон крајот на јули и наиде на голем интерес кај аеродромци. Големи контејнери во текот на август и септември беа поставувани на различни локации низ целата општина според точно одреден распоред. Жителите навремено беа информирани кога и каде да го остават својот стар мебел и друга дотраена покуќнина, кои потоа беа собирани со механизација на Општина Аеродром, соопштија денеска од Општината.

Акцијата, како што се наведува во соопштението, беше спроведена со цел да им се излезе во пресрет на жителите бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. - Со тоа придонесовме да се заштити животната средина од несовесно фрлање отпад, како и од создавањето лоша слика за Аеродром, велат од Општината.

Од Општина Аеродром упатуваат апел до граѓаните да внимаваат како се однесуваат кон околината, затоа што инспекциските служби се постојано на терен, а секое несовесно фрлање отпад е казниво со закон. дма/сст/

Фото: Општина Аеродром 

 


 

 

Остани поврзан