Сончево, претпладне магла и ниска облачност по одделни котлини
- Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температ

Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе биде магливо и со ниска облачност, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.
Времето, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе се задржи претежно сончево, а од утре ќе биде значително потопло со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.вј/лв/