• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и многу топло, до 42 степена

Сончево и многу топло, до 42 степена

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање./

Фото: МИА

Остани поврзан