• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок

Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во четврток ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан