Сменет премиерот на Брегот на Слоновата Коска, наскоро нова влада
- Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара денеска го смени премиерот Патрик Аши, кој е на функцијата од 2021 година и најави формирање на нова влада, две години пред претседателските избори.
Абиџан, 6 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласане Утара денеска го смени премиерот Патрик Аши, кој е на функцијата од 2021 година и најави формирање на нова влада, две години пред претседателските избори.
Уатара го потпиша указот за „престанок на функциите на премиерот и членовите на владата“, се вели во соопштението на претседателството на Брегот на Слоновата Коска.
Шефот на државата изрази „благодарност до премиерот Патрик Аши и сите членови на владата за нивната посветеност во служба на нацијата во последните години“.
Аши беше назначен во март 2021 година по смртта на неговиот претходник Хамед Бакајоко.
Се очекува дека во новата влада ќе има повеќе членови на владејачката партија (РХПД) пред претседателските избори закажани за 2025 година.
Со освојување на 60 отсто од општините и 80 отсто од регионите на изборите во септември, РХДП веројатно ќе биде голем фаворит на претседателските избори. паг/
Фото: МИА архива