• сабота, 31 август 2024

Слот за ждрепката во ЛШ: Знам дека фокусот ќе биде на дуелот со Реал, но и останатите противници се доста добри

Слот за ждрепката во ЛШ: Знам дека фокусот ќе биде на дуелот со Реал, но и останатите противници се доста добри

Ливерпул, 30 август 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментира ждрепката во Лигата на шампионите. „Црвените“ ќе имаат тешки натпревари на турнирот, а меѓу противниците ќе бидат Реал Мадрид, Баер Леверкузен, РБ Лајпциг, Милан, ПСВ Ајндховен, Лил, Болоња и Жирона. 

Стручњакот очекува доста тешки натпревари и смета дека фокусот не треба да биде само на средбата со Реал Мадрид на „Енфилд“.

-Прво, сакам да кажам дека ова е многу тешка ждрепка, но и многу возбудлива. Што е најважно, ние сме дел од него, што значи дека има многу да се очекува. Знам дека фокусот ќе биде ставен на натпреварот против Реал Мадрид на „Енфилд“, што е нормално бидејќи тие се актуелни носители на трофејот. Сепак, во исто време и останатите наши противници се доста добри и мораме подеднакво да го шириме вниманието на сите и да размислуваме натпревар по натпревар, изјави Слот.

Засега, според Слот, Ливерпул мора да гледа напред и да продолжи да работи бидејќи има важни натпревари во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан