• понеделник, 23 декември 2024

Словенија на „Евровизија“ со „симфонија на сирените“

Словенија на „Евровизија“ со „симфонија на сирените“

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) - Раивен (Raiven) со песната „Вероника“ во мај ќе ја претставува Словенија на „Евровизија“ во Малме, Шведска. 

Приказната за Вероника Десенишка и нејзиното наводно вештерство се добро познати во Словенија. Оваа песна ја продолжува потрагата на Раивен да ги истражи приказните на жени од различни историски ери. Пејачката ја опишува нејзината песна како „симфонија на сирените“.

- Кога ѝ кажав на мајка ми, одам на „Евровизија“, ми рече дека знаела оти еден ден ќе стојам на таа сцена. Таа го знаела тоа уште од првиот пат кога ние го гледавме овој музички спектакл заедно - јас имав пет години, тврди пејачката.

Публиката ќе може да ја слушне „Вероника“ во 2024 година.

Музичкиот натпревар „Евровизија“ ќе се одржи во Малме на 7, 9 и 11 мај. бд/са/

Фото: Принтскрин/Јутјуб/ EMA Eurovision Slovenia

Остани поврзан