• петок, 26 јули 2024

Словачка подобра од Грција во Дејвис купот

Словачка подобра од Грција во Дејвис купот

Атина, 17 септември 2023 (МИА) – Со три победи во четири меча, од кој еден во двојки, Словачка беше подобра од домаќинот Грција во првата група од Дејвис купот што викендов се одржа на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчерашните натпревари завршија со по една победа за двете репрезентации, откако Алекс Молчан беше подобар од Гркот Алесандрос Скорилас, а Стефанос Циципас го победи Лукаш Клеин.

Најдобриот грчки тенисер и рекет број пет во светот Циципас денеска одигра два меча во низа, од кои едниот во двојки, заедно со неговиот брат Петрос, но и двата ги загуби, со што турнирот го заврши со една победа, воедно и единствената за Грција и два порази.

Со вкупна победа 3-1 репрезентацијата на Словачка продолжува во следната фаза на Дејвис купот, што воедно е и Светско првенство во тенис.

Античкиот олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, познат и под името Калимармаро, викендов, за првпат во историјата беше домаќин на тениски натпревари. 

Според Грчката тениска федерација, вчерашните натпревари ги следеле 9.000 гледачи. ср/

Фото: МИА

Остани поврзан