• среда, 25 декември 2024

Синер пред уникатен подвиг во една сезона во историјата

Синер пред уникатен подвиг во една сезона во историјата

Малага, 24 ноември 2024 (МИА) - Јаник Синер има само 23 години, ова е негова прва сезона во која доминира, а веќе се најде на прагот на подвиг што никој досега не го постигнал.

Доколку денеска ја освои „салатарата“, ќе стане првиот во историјата кој освоил најмалку два Гренд слема, завршниот Мастерс и Дејвис купот во иста сезона. Ова „во историјата“ е со времетраење од 54 години, бидејќи Мастерси не се одржувале пред 1970 година.

Шансите да го постигне тоа се големи бидејќи Италија е фаворит против Холандија, исто како што е против кој било од холандските играчи што ќе се спротивстават - најверојатно тоа ќе биде Талон Грикспор.

Синер има страшна сезона зад себе со титули на Австралија и УС Опен, во Торино и Мастерс 1.000 во Мајами, Синсинати и Шангај, како и сериите 500 во Ротердам и Хале.

Серијата на Синер започна во втората половина од годината, со триумфот во Синсинати пред четири месеци. Оттогаш има само еден пораз – во финалето на серијата 500 во Пекинг од Карлос Алкараз.

Попатно освои трофеи на УС Опен, во Шангај, Торино, на егзибицискиот турнир во Ријад и сега има шанса и во Дејвис купот.

Од средината на август има 31 победа и само еден пораз. дс

Фото: Архива

Остани поврзан