• сабота, 27 јули 2024

Симонс го имаше својот прв тренинг со Сиксерс

Симонс го имаше својот прв тренинг со Сиксерс
Филаделфија, 18 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, во текот на вчерашниот ден го имаше својот прв тренинг по подолга пауза. Тренерот на Сиксерс, Док Риверс, сè уште не е подготвен да даде точен датум кога Симонс ќе се врати во тимот. - Сè уште не знам. Сакам да почекам и да видиме. Тој е во пристојна форма, но сепак не е во натпреварувачки ритам, рече Риверс. Тренерот, исто така, истакна дека тимот не придава големо значење на враќањето на Симонс. - Го запознавме со тимот како што обично правиме кога доаѓа нов играч или се враќа стариот. Направивме шега, истакна Риверс. За потсетување, Симонс бараше да биде разменет во друг тим и го пропушти поголемиот дел од тренинг кампот пред сезоната. Минатата недела се врати во Филаделфија и се приклучи на тренинзите. зс/

Остани поврзан