• вторник, 24 декември 2024

Верстапен победи во квалификациите за ГН на Белгија, но Леклер ќе стартува од пол-позицијата

Верстапен победи во квалификациите за ГН на Белгија, но Леклер ќе стартува од пол-позицијата

Спа, 27 јули 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешните квалификации за Големата награда на Белгија.

Квалификациите се одвиваа во услови на дожд. Во третиот сегмент, Холанѓанецот извозе круг за 1 минута и 53,159 секунди.

Возачот на Ферари, Шарл Леклерк го освои второто место, со заостанување од 0,595 секунди зад Верстапен. Сепак, на главната трка, Леклер ќе стартува од првата позиција, бидејќи Верстапен ќе добие казна од 10 позиции поради промена на моторот.

Трет во квалификациите беше вториот возач на Ред Бул Серхио Перез (заостанување +0,606), на четвртото место беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,676).

Трката на Големата награда на Белгија ќе се вози утре со почеток во 15 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан