• понеделник, 14 октомври 2024

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика

Сан Хозе, 13 октомври 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала регистриран е во Тихи Океан во близина на брегот на Коста Рика.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 65 километри северозападно од Тамариндо, во близина на границата со Никарагва, на длабочина од околу 18 километри.

Земјотресот е почувствуван и во Никарагва.

Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан