• среда, 16 октомври 2024

Додик го критикува Берлинскиот процес поради недостиг на напредок

Додик го критикува Берлинскиот процес поради недостиг на напредок

Бања Лука, 14 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска Милорад Додик оцени дека за десет години од Берлинскиот процес ниту една земја од Балканот не се приближила кон ЕУ. Тој оцени дека сè се сведува на разговори за прашања како што е дозволувањето влез во БиХ со лични карти од Косово

Додик истакна дека БиХ не ја признала еднострано прогласената косовска независност и дека односите со Косово треба да бидат официјални преку Србија.

На самитот во Берлин учествуваат претставници од земјите на Западен Балкан и Европската Унија. ссм/

Остани поврзан