• среда, 16 октомври 2024

Во Газа почна втората фаза од вакцинацијата против детска парализа

Во Газа почна втората фаза од вакцинацијата против детска парализа

Газа, 14 октомври 2024 (МИА) - Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека започнала втората фаза на вакцинација против детска парализа на територијата зафатена од војна.

Како што е наведено, втората доза од вакцината ќе ја добијат децата до десет години во централниот дел на палестинската територија во следните три дена, пред да се прошири вакцинацијата на север и југ.

Вакцинацијата почна во септември, откако во Газа беше регистриран првиот случај на детска парализа по 25 години. Заболело десетмесечно бебе, на кое сега едната нога му е парализирана.

Здравствените работници успеаја да вакцинираат околу 560.000 деца со првата доза и покрај низата предизвици, вклучително и продолжување на борбите, нарушување на редот и законот и голема штета предизвикана на патиштата и инфраструктурата.

Светската здравствена организација соопшти дека хуманитарните паузи воспоставени поради вакцинацијата се почитувани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан