• среда, 16 октомври 2024

Поради поплави затворени училиштата во Шри Ланка

Поради поплави затворени училиштата во Шри Ланка

Коломбо, 14 октомври 2024 (МИА) - Шри Ланка денеска ги затвори училиштата во главниот град Коломбо бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови од земјата.

Обилните врнежи за време на викендот предизвикаа хаос во многу делови од земјата, поплавувајќи ги домовите, полињата и патиштата. Три лица загинаа, додека околу 134.000 беа погодени од поплавите, соопшти државниот центар за управување со катастрофи.

Властите соопштија дека 240 домови биле оштетени од дожд и поплави, а речиси 7.000 луѓе биле евакуирани. Властите превентивно ја исклучија струјата во некои области.

Морнарицата и армијата беа распоредени за да ги спасат жртвите и да обезбедат храна и други основни потреби.

Во некои области водата стигнала до покривите на куќите и продавниците.

Шри Ланка се бори со тешки временски услови од мај, главно обилни монсунски дождови.

Во јуни 16 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан