• понеделник, 16 декември 2024

Сибиха побара од НАТО уште 20 системи за противвоздушна одбрана

Сибиха побара од НАТО уште 20 системи за противвоздушна одбрана

Брисел, 3 декември 2024 (МИА) - Украина побара од НАТО испорака на уште 20 системи за противвоздушна одбрана заради подобра заштита од руски воздушни напади, изјави денеска  украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, јави ДПА.

-Украинскиот енергетски систем треба да биде подобро заштитен оваа зима, рече Сибиха на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.

„Украина бара итно снабдување со уште 20 системи за противвоздушна одбрана, како ’Hawk“, НАСАМС и Ирис-T, за да се избегне затемнување“, рече Сибиха.

Во последниве месеци, Русија воздушните напади ги користи за оневозможување или оштетување на многу украински електрани и трафостаници, потсети ДПА. сд/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан