• петок, 05 декември 2025

Иран им забрани на функционерите користење на уреди поврзани со интернет

Иран им забрани на функционерите користење на уреди поврзани со интернет

Техеран, 17 јуни 2025 (МИА) - Иранската агенција за сајбер-безбедност им забрани на државните функционери користење на уреди кои се поврзуваат на интернет, поради страв од можноста да бидат следени или хакирани од Израел, јави државната новинска агенција Фарс, пренесува Тајмс оф Израел.

Иранските функционери и нивните телохранители се известени дека не смеат да користат никаква опрема поврзана со јавни интернет или телекомуникациски мрежи, информира агенцијата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан