• сабота, 23 ноември 2024

Се реконструира штипската улица „ 4 Јули“

Се реконструира штипската улица „ 4 Јули“

Штип, 21 октомври 2024 (МИА) - Почна целосната реконструкција на улицата „4 Јули“ во штипската населба Автокоманда. Предвидено е комплетна замена на поздемната инфраструктура, односно на водоводната и канализационата мрежа. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека оваа улица е една последните за реконструкција во населбата Автокоманда.

-Останува уште улицата „Цвета Јованова“, којашто во наредниот период исто така ќе биде опфатена согласно Програмата за уредување на градежно земјиште со целосна реконструкција на водовод и канализација, асфалтирање на улицата и третирање на тротоарски површини. Деновиве што ќе следат ќе се работи од страна на ЈП „Исар“ за промена на водовод и канализација, рече Јорданов.

Тој додаде дека теренот е тешко пристапен и какошто рече за да се реконструираат улиците мора на нив и темелно да се работи, бидејќи се трошат народни пари.

-Целта ни е кога ќе се потрошат тие средства и тоа што ќе се изгради, ќе се направи да трае со години. Затоа најпрво влегуваме со промена на подземната инфраструктура, за да немаме по само некоку месеци појави да имаме дефекти на водоводната и канализационата мрежа, додаде Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“ –Штуип, Александар Арсовски истакна дека екипите веќе работат на промена на водоводната и канализациона мрежа во должина од 260 метри.

-Вкупната вредност на инвестицијата изнесува нешто над милион денари, по поставувањето на новиот водовод веднаш ќе почнме и со изградба на нова фекална канализација, рече Арсовски.

Штипскиот градоначалник, Јорданов додаде дека во наредниот период Штип ќе биде едно големо градилиште, бидејќи ќе се работи на темелна реконструкција на улиците, а се барање на граѓаните. вдј/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан