• петок, 08 ноември 2024

Се асфалтира велешката улица „Љубљанска"

Се асфалтира велешката улица „Љубљанска

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Во тек се градежни зафати за постилање прв асфалтен слој на коловозот на улица „Љубљанска" што води покрај и над ООУ „Блаже Конески“ во Велес.

Како што информира градоначалникот Марко Колев, реконструкцијата на оваа улица ќе биде извршена со два асфалтни слоја, а проектот е во реализација на Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

Согласно градежната програма на Општина Велес за оваа година, градоначалникот Колев најави реконструкција и на останатите улици во Велес и велешко. ад/сст/

фото МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан