Серхи Роберто може да ја продолжи кариерата во Фиорентина
- Поранешниот играч за врска на Барселона, Серхи Роберто би можел да се пресели во Фиорентина, пренесува „Relevo“.
Барселона, 12 август 2024 (МИА) - Поранешниот играч за врска на Барселона, Серхи Роберто би можел да се пресели во Фиорентина, пренесува „Relevo“.
Според шпанскиот спортски портал, италијанскиот клуб е подготвен да му понуди договор на 32-годишниот Шпанец кој е слободен играч.
За фудбалерот исто така се заинтересирани Рома и Комо.
Серхи Роберто потекнува од фудбалската школа на Барселона. Во сезоната 2023/24, тој постигна три гола и направи три асистенции на 24 натпревари за Каталонците.
Вчера фудбалерот најави заминување од Барселона. зс/
Фото: ЕПА