• четврток, 07 ноември 2024

Седници на две собраниски тела

Седници на две собраниски тела

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) -  Во Собранието денеска седници ќе одржат Комитет за односи меѓу заедниците и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. 

Извештајот за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2023 година е единствена точка на дневниот ред на ова собраниско тело. 

Членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите треба да ги разгледаат Годишниот финансиски план за 2024 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации и Годишниот извештај за работата на оваа комисија за 2023 година. мд/аа/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан