• сабота, 23 ноември 2024

Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови

Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) – Судскиот совет денеска треба да избере судии на Апелационен суд Гостивар и Апелационен суд Штип, како и претседатели на Виш управен суд, Основен суд Велес и Основен суд Струга.

На денешната, 504. Седница што треба да започне во 10 часот во просториите на Судски совет, Советот треба да одлучува и за дoполнение и измена на Комисија за вонредно оценување на кандидати по објавен оглас  за избор на претседател на суд и допонение и измена на Комисии за увид и оценка на судии - кандидати по објавени огласи.

Разгледување  и одлучување по донесена одлука на Општа седница на Врховниот суд на РСМ, во врска со времено упатување на судија за вршење на судиска функција во друг суд и разгледување и одлучување по поднесени барања за времено упатување на судии за вршење на судиска функција во друг суд, е, исто така, на дневниот ред. 

Советот денеска треба да донесе одлуки за престанок на судија поротник на Основен кривичен суд Скопје и за избор на судии поротници на Основен суд Куманово.

Членовите, воедно, треба да одлучуваат по известувања на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, да расправаат по извештаи за констатирана состојба  по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд како и да формираат комисија на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. ар/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан