• сабота, 23 ноември 2024

Севиља го отпушти тренерот Сампаоли

Севиља го отпушти тренерот Сампаоли

Севиља, 20 март 2023 (МИА) – Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља донесе одлука да му врачи отказ на тренерот Хорхе Сампаоли, јавија денеска шпанските медиуми.

Весникот „Марка“ наведува дека челниците на Севиља до крајот на денот официјално ќе објават раскин на соработката со аргентинскиот стратег.

Сампаоли седна на клупата на Севиља во октомври лани, а имаше договор до 30 јуни идната година.

Севиља по вчерашниот пораз од Хетафе во рамки на 26 коло во Ла Лига падна на 14 место на табелата со 28 бодови и ќе мора до крајот на сезоната да се бори за опстанок.

Севиља во четвртфиналерто во Лига Европа ќе игра против Манчестер јунајтед. ег /сд/

Остани поврзан