• понеделник, 23 декември 2024

Северна Кореја: САД го злоупотребија правото на вето

Северна Кореја: САД го злоупотребија правото на вето

Пјонгјанг, 10 декември 2023 (МИА) - Севернокорејскиот заменик министер за надворешни работи Ким Сон-Јонг ги критикуваше САД за блокирање на резолуцијата на Обединетите нации со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, велејќи дека Вашингтон го злоупотребил своето право на вето за да го заштити Израел.

- Злоупотребата на правото на вето од страна на САД заради заштита на сојузникот кој масакрира десетици илјади цивили не е само манифестација на незаконски и неразумни двојни стандарди, туку и врв на нехуманото зло, изјави Ким за КЦНА.

Тој истакна дека САД се контрадикторни со тоа што го одобруваат продолжувањето на борбите во Газа, а во исто време го осудуваат неодамнешното лансирање на севернокорејски сателит кој, како што рече, не наштети на ниту една друга земја. ссм/

фото: архива

Остани поврзан