• понеделник, 27 јануари 2025

СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ

СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ

Скопје, 26 јануари 2025

СДСМ остро реагира и се противи на најавите на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за преименување на улиците во градот кои носат имиња од нашето антифашистичкото минато.

На вредностите од НОБ и антифашизмот почива современата македонска држава. Било какво бришење на најсветлите страници на македонската историја значат удар врз темелот на којшто почива државата.

Значењето на партизанската борба и нејзините идеалите никој не смее да ја омаловажува, брише и пребришува.

СДСМ како наследник и поддржувач на НОБ и антифашизмот се противстави на овие најави на Касами.

Советниците на СДСМ ќе застанат силно против преименувањето на улиците.

Како коалициски партнер на Касами, бараме Мицкоски јавно да го повика да се повлече од овој предлог.

А советниците на ДПМНЕ исто така да се спротивстават и да застанат против, со што оваа одлука нема да се донесе.

СДСМ јавно ги осудува намерите на Касами да создаде нови поделби, раздор меѓу граѓаните и етнички тензии.

Националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани без разлика на етничка или партиска припадност.

Изјава за медиуми, Андријана Томовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан