• вторник, 28 јануари 2025

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Делчево, Прилеп, Битола и на патот Петровец - Велес

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Делчево, Прилеп, Битола и на патот Петровец - Велес

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има во Делчево, Битола, Прилеп и на патниот правец Петровец – Велес, информира утрово Автомотосојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ. хс/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан