• петок, 08 ноември 2024

СДСМ: Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД

СДСМ: Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД

Скопје, 17 јули 2024

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други.

СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш?

Бараме Мицкоски конечно да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот. И тој се крие веќе трети ден и ништо не кажува на темата а граѓаните чекаат одговори.

Ова ли се луѓето кои обвинуваат за душманско трошење на парите од буџетот? Ова ли се луѓето кои ветуваа транспарентност и отчетност? Се кријат и молчат и со тоа јасно докажуваат дека се криви. СДСМ располага со уште скандали од ова патување кои ќе ги објавиме наскоро.

СДСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан