• недела, 09 март 2025

СДСМ и забележува на Владата за трошењето на народните пари

СДСМ и забележува на Владата за трошењето на народните пари

Скопје, 8 март 2025 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски потврдуваат дека се најлажаната Влада која ја водела државата. Неверојатно е со каква леснотија се трошат народните пари на приватни авиони, бизнис класи и егозитични овошја додека нема пари за повисоки плати за граѓаните. 

За нивните гурмански апетити плаќаме, додека граѓаните живеат во сиромаштија. 
Нема пари за повисоки плати, нема пари за работниците, ама за тропски овошја и луксузни деликатеси – има!

Додека граѓаните бројат денови до следната плата, Владата брои видови егзотично овошје. Папаја, манго, аспарагус, авокадо, ананас – цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби.

Иронично, премиерот во минатото тврдеше „грозје не сум пробал“, ама сега одеднаш од државниот буџет се издвојуваат милиони за скапи плодови што народот не може ни да ги помириса. 

Најновата лага на премиерот е дека не пробал ниту банана, немаше пробано ниту цреши.

СДСМ е сериозно загрижена за исхраната на премиерот и му порачуваме што повеќе од овошјата кои ги нарачале во Владата. 

Во исто време, синдикалната кошничка за јануари 2025 порасна за 6.089 денари, храната е поскапа за над 10%, а работниците преживуваат со мизерни плати.

Но, ова не е ништо ново – истата владејачка гарнитура веќе се разладуваше со бизнис-класи, приватни авиони и хотелски сметки што чинат повеќе од една годишна плата на обичниот граѓанин. 

Граѓаните се борат за основни потреби, а Владата одбива предлог за минимална плата од 500 евра, ама затоа потпишува договори за прва-класа овошје и зеленчук. Додека јавниот долг расте, Владата размислува за нов владин авион. 

Граѓаните ова аздисување нема да го простат. Ова е понижување на секој кој чесно работи и се бори за живот во земја во која владата не се грижи за никој освен а себе. 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан