• четврток, 07 ноември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ води тотално погрешна економска политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ води тотално погрешна економска политика

Скопје, 6 ноември 2024

Освен дека не им е грижа за стандардот на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ потврдува дека само поради инает го одбива предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи храна.

Предлог законоското решение на СДСМ ќе донесе намалување на цените на храната на над 250 категории производи што значи заштеда за граѓаните и до 2.000 денари месечно.

При тоа, бенефитите за граѓаните воопшто нема да ги оптоварат компаниите и трговите нема да може да ја изиграат оваа мерка.

Мерката е реална и лесно остварлива и ќе има вистински ефект за намалување а малопродажните цени на прехранбените производи и намалување на вредноста на потрошувачката кошница.

Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение. Против е само затоа што е поднесена од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ води тотално погрешна економска политика.  Мерката на владата на Мицкоски не даде никаков резултат, не се намалија цените на производите и само 57 денари се намали потрошувачката кошничка.

Со инает не им се помага на граѓаните туку им се одмага.


СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан