• вторник, 23 јули 2024

Санчо одбил сериозна понуда, ги чека Јувентус

Санчо одбил сериозна понуда, ги чека Јувентус

Манчестер, 8 јули 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо, одбил многу сериозната понуда што пристигнала во клубот за него бидејќи претпочита да го чека развојот на настаните околу интересот на Јувентус за него, тврдат неколку италијански новинари. Англичанецот како сериозен приоритет го дефинираше влегувањето во редовите на „старата дама“.

Различни извори тврдат дека од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да добијат околу 40 милиони евра за него. Јувентус се уште не започнал посериозни преговори за Санчо, а засега само ги истражува опциите околу евентуален трансфер. Тие изразија желба да го вклучат Федерико Киеза во евентуален договор во обид да ја намалат цената на Санчо, но беа одбиени од Манчестер Јунајтед.

Утринава Англичанецот се појави во базата на клубот Карингтон за да започне со тренинзите со соиграчите за новата сезона. Интересно е што тој не тренирал со првиот тим на „црвените ѓаволи“ од септември минатата година, кога влезе во сериозен конфликт со менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг. дс

Фото: Архива

Остани поврзан