САД и Кина водечки на листата медалисти со по 19 злата
- На една седмица до крајот на Олимписките игри во Париз, САД и Кина се најуспешни со по 19 освоени златни медали.
Париз, 5 август 2024 (МИА) – На една седмица до крајот на Олимписките игри во Париз, САД и Кина се најуспешни со по 19 освоени златни медали.
Следуваат Франција и Австралија со по 12 злата.
Велика Британија и Кореја имаат по 10 најсјајни одличја, Јапонија девет, Италија седум, Холандија шест, Германија и Канада по пет.
Барем по едно злато имаат освоено 44 држави, а со по најмалку еден медал се закитија 71 земја.
Најмногу медали имаат Американците – 71, Кина 45, Франција 44. зс/
Фото: ЕПА