• четврток, 07 ноември 2024

САД: За време на воена вежба, ФБИ и американската војска упаднаа во погрешна хотелска соба

САД: За време на воена вежба, ФБИ и американската војска упаднаа во погрешна хотелска соба

Вашингтон, 7 април 2023 (МИА) - За време на заедничка вежба, припадници на Федералното истражно биро (ФБИ) и Војската на САД упаднале во погрешна хотелска соба.

Како што известува Си-Ен-Ен, тие упаднале во погрешна хотелска соба и привеле погрешна личност.

Во инцидент што се случил во Бостон, припадници на ФБИ и специјалните сили упаднале во погрешна хотелска соба за време на вежба. Бостонската полиција соопшти дека инцидентот се случил во хотелот Revere Boston Common.

Пријавено е дека теренските тимови биле испратени во погрешна просторија врз основа на лажни информации и привеле некој друг наместо лицето кое требало.

ФБИ соопшти дека за време на инцидентот нема повредени.

Потполковникот Мајк Барнс од Командата за специјални операции на американската армија (USASOC) рече дека му се извинуваат на лицето кое погрешно било вклучено во вежбата.

Барнс посочи дека вежбата имала за цел „да ја подобри способноста на војниците да служат во реални и необични средини“ и дека инцидентот се истражува. ссм/

фото: архива

Остани поврзан