• четврток, 07 ноември 2024

Руте: НАТО треба и ќе направи повеќе за да и помогне на Украина

Руте: НАТО треба и ќе направи повеќе за да и помогне на Украина

Брисел, 8 октомври 2024 (МИА) - Сојузниците на НАТО мора да направат повеќе за да и помогнат на Украина да се спротивстави на руската агресија. Претстојниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн ќе биде добра можност за координирање на поддршката, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на заедничка прес-конференција со претседателот на Финска, Александар Стуб.

„Разговаравме за агресивната војна на Русија против Украина, која ја посетив како генерален секретар минатата недела. НАТО мора и ќе направи повеќе за да и помогне на Украина. Русија продолжува да изведува масовни напади против критичната енергетска инфраструктура на Украина, која може да се соочи со најтешката зима од почетокот на инвазијата, рече Руте и додаде дека им оддава почит на украинскиот народ и нивните вооружени сили за издржливоста и храброста.

Според него, сојузниците на НАТО ја обезбедуваат „речиси целата воена помош“ на Украина, а тоа е важно „за стабилноста на земјата и нејзината способност да ја издржи битката“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан