• среда, 26 март 2025

Руски напад врз украински пограничен регион – меѓу повредените и деца

Руски напад врз украински пограничен регион – меѓу повредените и деца

Киев, 24 март 2025 (МИА) - Руски ракетен напад во северниот украински регион Суми повреди 28 лица, соопштија локалните власти.

Гувернерот на регионот, Володимир Артиух, изјави дека нападот погодил станбени згради и училиште. Според него, во моментот на ударот во училиштето се вршела евакуација на децата.

Вршителот на должноста градоначалник на Суми, Артем Кобзар, потврди дека меѓу повредените има четири деца, но не прецизираше дали тие се наоѓале во училиштето за време на нападот.

Русија досега не ја коментираше оваа информација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан