• понеделник, 23 декември 2024

Руската војска уништи 54 украински дронови, четири лица повредени

Руската војска уништи 54 украински дронови, четири лица повредени

Москва, 18 септември 2024 (МИА) - Руската војска ноќеска уништи 54 украински беспилотни летала, при што локалните власти соопштија дека најмалку четири лица се повредени во нападите.

Половината од уништените дронови биле над територијата на Курск, каде што се води голема украинска офанзива од почетокот на август. „Системите за противвоздушна одбрана ноќеска уништија 54 украински дронови“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Според податоците на руската војска, 27 дронови се уништени над областа Курск, на границата со Украина, додека останатите се соборени во руските региони Брјанск (16), Смоленск (7), Белгород (3) и Ориол (1). Во областа Белгород, четири лица се повредени и хоспитализирани по напад со дрон, објави на Телеграм регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков. ссм/

фото: архива

Остани поврзан