• понеделник, 14 октомври 2024

Русија ја нападна Украина со 68 дронови и четири ракети

Русија ја нападна Украина со 68 дронови и четири ракети

Киев, 13 октомври 2024 (МИА) – Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија.

- Две балистички ракети Искандер-М ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.

Украинските сили за противвоздушна одбрана, наводно, уништиле 31 дрон. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан