• понеделник, 23 декември 2024

Русија најде замена за БиХ, ќе одигра пријателски натпревар со Узбекистан

Русија најде замена за БиХ, ќе одигра пријателски натпревар со Узбекистан
Москва, 5 ноември 2022 (МИА) - Руската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Узбекистан, објавено е на официјалниот сајт на Рускиот фудбалски сојуз (РФУ). Репрезентациите на Русија и Узбекистан за првпат ќе играат меѓу себе. Натпреварот ќе се одигра на 20 ноември во Ташкент на централниот стадион „Пахтакор“. Така, Руисте си најдоа партнер за пријателски натпревар по откажувањето на Босна и Херцеговина да игра со нив на 19 ноември. Рускиот тим во ноември ќе одигра два пријателски натпревари. На 17 ноември, избраниците на селекторот Валери Карпин ќе се сретнат со селекцијата на Таџикистан во Душанбе. Да потсетиме, руската репрезентација, како и клубовите од оваа земја се суспендирани во натпреварувања под покровителство на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА). зс/

Остани поврзан