Рубио по средбата во Ријад разговараше со европските колеги
- Американскиот државен секретар Марко Рубио, по вчерашната средба во Ријад делегацијата на САД и Русија за Украина, разговараше со своите францускиот, британскиот, италијанскиот и германскиот колега, како и со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Каја Калас, соопшти француското Министерство за надворешни работи

Париз, 19 февруари 2025 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио, по вчерашната средба во Ријад делегацијата на САД и Русија за Украина, разговараше со своите францускиот, британскиот, италијанскиот и германскиот колега, како и со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Каја Калас, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Рубио го информирал шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро за разговорот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додека Баро зборувал за вчерашната средба на европските лидери во Париз за безбедноста на Европа и Украина.
Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека Рубио се договорил со европските соговорници да останат во близок контакт. ми/
фото: МИА архива