Рубен Дијас го продолжи договорот со Манчестер сити до 2027
- Португалскиот репрезентативен дефанзивец Рубен Дијас потпиша нов долгорочен договор со Манчестер сити, обврзувајќи се на верност со актуелниот англиски шампион до лето 2027 година.

Манчестер, 30 август 2021 (МИА) – Португалскиот репрезентативен дефанзивец Рубен Дијас потпиша нов долгорочен договор со Манчестер сити, обврзувајќи се на верност со актуелниот англиски шампион до лето 2027 година.
- Иако ни се приклучи пред само една година, Рубен веќе докажа дека е клучен дел од нашата екипа. За неговите квалитети и колку е важен за тимот говори и тоа што му понудивме нов договор, изјави директорот на Сити, Тики Бегерштајн.
Дваесет и четиригодишниот Дијас дојде во Сити минатото лето од Бенфика и во својата прва сезона ја освои Премиер лигата и признанието фудбалер на сезоната во Англија. ег/зс/