• петок, 22 ноември 2024

Романија потпиша договор со САД за купување 32 авиона Ф-35

Романија потпиша договор со САД за купување 32 авиона Ф-35

Букурешт, 21 ноември 2024 (МИА) - Членката на НАТО, Романија денеска потпиша договор со Вашингтон за купување на 32 авиона Ф-35, што е невиден трошок за земјата сосед на Украина, јавија локалните медиуми.

Романија е последната која ги набавува борбени авиони, повеќе од две и пол години откако Русија ја нападна Украина.

Со проценета цена од 6,5 милијарди долари одобрена од романскиот Парламент, тоа е најскапата воена зделка на сиромашната источноевропска земја, која доби стратешко значење по руската инвазија на Украина, јавија француските медиуми.

- Борбените авиони Ф-35А, што се очекува да започне да пристигнуваат на почетокот на 2030-тите, „значително ќе ги зајакне“ одбранбените способности на Романија, рече премиерот Марсел Чолаку на церемонијата на потпишување. зш/

Остани поврзан