• четврток, 05 септември 2024

Реновирани тоалетите во ООУ "Кирил Пејчиновиќ" во Кисела Вода

Реновирани тоалетите во ООУ

4 септември 2024

Учениците од ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ” учебната година ја започнаа со реновирани тоалети. Градежните активности траеја во текот на летото и вклучија промена на санитарните елементи, реконструкција на подот, на ѕидовите и плафонот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес каго посети ова училиште, каде се инвестираше и во изградба на спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг. Во моментот, во напредна фаза е проектот за доградба на објектот кој ќе овозможи сите ученици да посетуваат настава само во прва смена.

- Образованието е столб на нашата заедница и е основа за иднината на нашите деца. Затоа, како општина, континуирано работиме на подобрување на инфраструктурата на нашите училишта. Конкретно, во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ” летото го искористивме за темелна реконструкција на санитарните јазли кои претходно беа во катастрофално лоша состојба. Се работеше од под до плафон и резултатите се видливи. Сакам да се заблагодарам на Светска Банка за поддршката на овој проект бидејќи инвестирањето во подобри услови за учениците значи инвестиција во подобра иднина за целото општество. Ќе потсетам дека во изминатиот период Општина Кисела Вода во дворот на овој училишен објект изгради спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг. Во моментот, активно работиме на проектот за доградба на училишниот објект, што ќе овозможи сите ученици да посетуваат настава само во прва смена. Ова не само што ќе го подобри квалитетот на образованието, туку и ќе им овозможи на учениците повеќе време за воннаставни активности и одмор. Остануваме посветени на својата мисија за создавање модерни и безбедни услови за сите ученици, преку континуирани инвестиции во реновирање и унапредување на училишните објекти. Само преку вакви активности можеме да изградиме подобра иднина за сите деца и да создадеме заедница која е здрава, образувана и подготвена за сите предизвици што ги носи утрешниот ден- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан