• понеделник, 23 декември 2024

Регионален форум за ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата 

Регионален форум за ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата 
Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) - Регионален форум на тема „Ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата КОВИД-19: Денешна перспектива во Западен Балкан” ќе се одржи денеска онлајн на платформата Зум. Целта на форумот, како што посочуваат од Граѓанскиот ресурсен центар, е да се даде преглед на улогата на младите во време на пандемија истакнувајќи ги правните аспекти за овозможување на младински активности. - На форумот граѓанските организации ќе ги споделат најдобрите практики на солидарност поврзани со прашањето. Форумот, исто така, ќе се осврне на состојбата на меѓусекторската координација за вклучување на различни засегнати страни. Конечно, на Форумот ќе бидат предложени препораки за политики за решавање на проблемите и намалување на ефектите од пандемијата врз младите, наведуваат во соопштението. Форумот е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. - На настанот се очекуваат над 100 учесници од земјите на Западен Балкан, вклучувајќи претставници на граѓански организации, регионални мрежи, меѓународни организации, академската заедница, медиумите, релевантните државни институции и други релевантни чинители, се вели во соопштението. мс/дма/

Остани поврзан