• понеделник, 22 јули 2024

Реализирани активности за превенција од имотни деликти, заштита на шумите од пожари и сообраќајна безбедност во Ресен, Новаци, Крушево, Кочани, Кавадарци и Тетово

Реализирани активности за превенција од имотни деликти, заштита на шумите од пожари и сообраќајна безбедност во Ресен, Новаци, Крушево, Кочани, Кавадарци и Тетово

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Превенцијата од имотни деликти, заштитата на шумите од пожари и сообраќајната безбедност биле во фокусот на вчерашните превентивни активности одржани на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Штип, Тетово.

Како што информираат денеска од МВР, на подрачјето на СВР Битола, поточно во општина Новаци полициски службеници ги едуцирале и советувале граѓаните во врска со заштитата и превенирањето на разните облици имотни деликти (кражби, разбојништва, измами) додека, пак, во Ресен во содејство со Шумската полиција биле реализирани средби со граѓани околу заштитата на шумите од пожари, а во Крушево полициските службеници акцентот го ставиле на превенцијата од употреба на оружје и недозволени пиротехнички средства при веслеби и прослави.

-И на подрачјето на СВР Штип, односно во Кочани беше спроведена превентивна активност во рамки на кампањите  „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните-наша обврска“, а со цел запознавање и едуцирање на граѓаните за заштита од имотни деликти. Идентично на ова, и во Тетово од страна на полициски службеници при СВР Тетово на локации околу Градскиот пазар беа спроведени активности, односно разговори со продавачи, сопственици на колонијални дуќани и граѓани околу начините на заштита и препознавање на имотните деликти и важноста од соработка и комуникација со полицијата, се наведува во соопштението.

На подрачјето на СВР Велес, поточно во Кавадарци за второодделенците од основното општинско училиште „Страшо Пинџур“, во соработка со општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата била одржана едукативна работилница, а во насока на заштита на децата како пешаци – учесници во сообраќајот. дма/

Фото: МВР

Остани поврзан