• четврток, 25 јули 2024

Реакција на СДСМ на изјавата на министерот Тошковски

Реакција на СДСМ на изјавата на министерот Тошковски

Скопје, 24 јули 2024

Лош начин одбрал Тошковски само за да не одговори на клучните прашања во скандалот со поклонетиот имот на Игор Јанушев вреден 325 илјади евра, во зграда каде што има и тој личен имот.

Несериозна за граѓаните е изјавата на Тошковски дека информациите за скандалот се „расфрлани пердуви“.

Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај. 

Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје? 

Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?

Јавноста очекува одговори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан