• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД

25 јули 2024 

 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ќе одржи средба со претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Игор Јадровски и заменик-претседателот Лимко Бејзаорски. (Стар кабинет/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Белград - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во дводневна официјална посета на Република Србија, каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Табановце - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска, и потпреседателот на Владата за Р. Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, заедно со в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот, Душко Пешиќ, ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамки на кампањата „Вози одморен“. (12:00, изјави за медиумите по посетата на ГП Табановце)

Скопје - Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе ја посети Клиниката за детски болести по повод промоција на нова апаратура и реновирање на невролошката амбуланта. (9:00, медиумите поканети да го проследат настанот)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија по повод одбележување 102 години од своето постоење ќе додели награди. (Простории на Комората, сала 4, 5. кат/12:00)

Скопје - Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник „Илинден 2-ри Август“ со музичко забавна програма (Дом на култура „Илинден“, нас.Илинден/20:00) и крводарителска акција (Галерија на Дом на култура „Илинден“/10:00-14:00)

Скопје - Книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. (Кафе-книжарница „Буква“/20:00)

Скопје - Промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска  (Сули ан/12:00) и концерт на пијанистот Симо Шишевиќ од Црна Гора (Музеј на македонската борба/20:30) во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Битола - Изложба на етнографски фотографии од авторот Петар Ставрев. (НУ Центар за култура/12:00)

Битола - Отворање на изложбата насловена „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска. (КЦ Магаза, НУ Завод за заштита на споменици и музеј - Битола/20:00)

Битола - Концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ Скопје. (Плато на Офицерски дом/20:30)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Остани поврзан