• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на АД ЕСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на АД ЕСМ

Скопје, 3 декември 2023

ЕСМ наместо политички одговори да си го погледне својот договор каде еден булдожер за еден час копање заработува 253 евра, цените се три пати поголеми од реалните.

Освен политички инсинуации државната ЕСМ ништо не негираше од наводите кои ги изнесе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски за супер големиот скандал со компанијата Марковски и ископот во РЕК.

Суштината е што и така склучената рамковна спогодба е по цени три пати поголеми од реалните.

Договорот вреди 9.2 милиони евра и час копање со само еден булдужер чини 16 253 денари.

Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно?Кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени?

Очекуваме ЕСМ да одговори конкретно. Во прилог цените со кои Марковски добива илјадници евра за само неколку часа работа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан