Реакција на Бошњачки демократски сојуз поради неистакнување на бошњачкото знаме во Општина Чаир од страна на градоначалникот Висар Ганиу
- СООПШТЕНИЕ
21 јануари 2025
Општина Чаир пред 3 години донесе одлука со која Бошњаците добија право да го користат босанскиот јазик како официјален јазик во општина Чаир, а оттогаш бошњачкото знаме се истакнува пред зградата на општина Чаир. Но, во ниту една просторија во општината нема бошњачко знаме. Тоа се гледа во сите објави на профилот на градоначалникот.
Ги поставуваме следниве прашања:
1. Зошто господинот Висар Ганиу не ги почитува неговите одлуки?
2. Дали тоа значи дека одлуката на општината за службена употреба на босанскиот јазик е укината или не се почитува?
3. Доколку одлуката на општината е во сила, кој е одговорен за нејзино спроведување?
Да потсетиме, господинот Висар Ганиу побара поддршка од Бошњаците за вториот круг од изборите за градоначалник и потпиша договор со Бошњачкиот демократски сојуз на кој се обврза дека босанскиот јазик ќе виде службен и ке се истакнува бошњачкото знаме.
БДС ги исполни своите обврски, Бошњаците гласаа за него и со тоа стана градоначалник на општина Чаир.
Господинот Висар Ганиу не го испочитувал договорот со БДС, не си ги исполнил обврските, заборавил на Бошњаците во општина Чаир, па најверојатно Бошњаците ќе го заборават него и неговите истомисленици.
Со непочитување на бошњачкото знаме и босанскиот јазик, г. Висар Ганиу ги понижува Бошњаците како народ, исто како што тоа го прави неговиот коалициски партнер, вицепремиерот Стоиљковиќ.
Бошњачки демократски сојуз
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.